Почетна Кампањи Наградни игри Поддршка Преземи ја апликацијата
Почетна Кампањи Наградни игри Поддршка Преземи ја апликацијата

Општи услови за користење

1. Воведни одредби

1.1 Со овие Општи услови за користење на мобилната апликација SKOPSKO (во понатамошниот текст: „Општи услови“) ПИВАРА Скопје А.Д., со седиште на ул.808 12 Скопје (во понатамошниот текст: „Организаторот“), ги утврдува правата, обврските и условите за користење на мобилната апликација SKOPSKO (во понатамошниот текст: „Апликацијата“).

1.2 Овие Општи услови се применуваат на Апликацијата преземена преку официјалните продавници за мобилни апликации (App Store и Google Play), освен ако со посебни услови за одредена програма во рамки на Апликацијата не е поинаку определено.

1.3 Овие Општи услови важат за сите ажурирања, надградби, нови верзии и дополнителни функционалности на Апликацијата.

1.4 Со преземање, регистрација и користење на Апликацијата, корисникот потврдува дека е запознаен со овие Општи услови, дека се согласува со нив и дека ќе ги почитува.

1.5 Овие Општи услови се обврзувачки за сите корисници и се достапни во рамки на Апликацијата.

2. Дефинирање на поими

Поимите употребени во овие Општи услови го имаат следното значење:

  • Организатор – ПИВАРА Скопје А.Д.
  • Апликација (SKOPSKO) – мобилна дигитална платформа која овозможува учество во програми за лојалност, наградни игри, промотивни активности, собирање поени, добивање подароци, анкети, квизови и други интерактивни содржини.
  • Корисник – физичко лице постаро од 18 години кое ја презело и користи Апликацијата.
  • Програма – секоја поединечна активност, кампања, наградна игра или лојалти систем достапен во рамки на Апликацијата, со сопствени посебни правила.
  • Поени – виртуелни вредности доделени во рамки на одредена програма, кои немаат парична вредност.

3. Преземање и технички услови

3.1 Апликацијата може да се преземе преку Apple App Store (iOS) и Google Play Store (Android).

3.2 Користењето на Апликацијата е бесплатно. Корисникот ги сноси трошоците за интернет пристап и пренос на податоци согласно тарифата на својот мобилен оператор.

3.3 Апликацијата функционира на поддржани верзии на iOS и Android оперативни системи. Организаторот не гарантира правилно функционирање на постари верзии на оперативни системи или уреди.

3.4 Организаторот го задржува правото да ја измени, ограничи или прекине достапноста на Апликацијата или нејзини функции без претходна најава.

4. Регистрација и користење

4.1 За користење на одредени функционалности потребна е регистрација.

4.2 Корисникот е должен да внесе точни и вистинити податоци.

4.3 Корисникот е одговорен за чување на своите пристапни податоци и за сите активности направени преку неговиот профил.

4.4 Апликацијата може да ја користат исклучиво лица постари од 18 години.

5. Програми во рамки на Апликацијата

5.1 Апликацијата може да содржи повеќе различни програми (на пр. еко програми, наградни игри, лојалти програми, фестивалски активности и сл.).

5.2 Секоја програма има посебни правила кои се објавуваат во рамки на Апликацијата.

5.3 Во случај на несогласување помеѓу овие Општи услови и посебните правила на одредена програма, ќе се применуваат правилата на конкретната програма.

6. Поени, подароци и бенефиции

6.1 Поените немаат парична вредност и не можат да се заменат за готовина.

6.2 Поените не се преносливи на друг корисник.

6.3 Подароците и бенефициите се достапни во ограничени количини, освен ако поинаку не е наведено.

6.4 Организаторот го задржува правото да измени вид, количина или услови за користење на подароци.

7. Разграничување на одговорност

7.1 Организаторот ќе се залага за непречено функционирање на Апликацијата, но не одговара за:

  • прекини предизвикани од технички проблеми;
  • проблеми со интернет конекција;
  • дејствија на трети лица;
  • виша сила.

7.2 Организаторот не сноси одговорност за:

  • неточен внес на податоци од страна на корисникот;
  • злоупотреба на кориснички профил;
  • штета настаната при користење на подароци;
  • содржини на надворешни линкови.

7.3 Корисникот ја користи Апликацијата на сопствена одговорност.

8. Интелектуална сопственост

Сите содржини во Апликацијата (логоа, визуели, текстови, фотографии, видеа, графики) се сопственост на Организаторот или се користат со соодветна дозвола.

Неовластено копирање, репродукција или дистрибуција е забрането.

9. Заштита на лични податоци

9.1 Организаторот ги обработува личните податоци во согласност со важечките прописи за заштита на лични податоци.

9.2 Податоците се користат за:

  • администрирање на кориснички профили;
  • реализација на програми;
  • доделување подароци;
  • комуникација со корисници;
  • маркетинг цели (доколку корисникот дал согласност).

9.3 Корисникот има право на пристап, исправка и бришење на своите податоци согласно закон. Бришењето може да се побара преку апликацијата (Подесувања → Избриши профил) или преку веб-страницата за бришење на профил со потврда преку е-пошта. По поднесување барање, профилот се деактивира, а податоците трајно се бришат по 30 дена доколку корисникот не се реактивира.

10. Виша сила

Организаторот нема да сноси одговорност за неизвршување на обврски поради настани на виша сила, вклучувајќи природни непогоди, технички дефекти, законски ограничувања или други околности надвор од негова контрола.

11. Измени на условите

Организаторот го задржува правото да ги измени овие Општи услови во секое време. Измените стапуваат во сила со нивно објавување во Апликацијата.

Продолженото користење на Апликацијата се смета за прифаќање на измените.

12. Решавање спорови

За сите евентуални спорови надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.

13. Контакт

Тел: 0800-1-9999

Е-пошта: [email protected]

Адреса: ул.808 12 Скопје

Работно време: 08.00 – 18.00

18+

Уживај одговорно. Забрането за лица под 18 години.

Внеси код од капачето, собирај голови и подигни подарок — во апликацијата Скопско.

Програма

  • Правила на програмата
  • Услови за лојалти кампањи
  • ЧПП за лојалти кампањи
  • Правила на наградната игра
  • Општи услови

Приватност

  • Политика на приватност
  • Приватност за лојалти кампањи
  • Избриши профил

Помош

  • Поддршка
  • Преземи ја апликацијата
© 2026 ПИВАРА Скопје А.Д. Сите права се задржани. Powered by Ultrasoft Systems