Политика на приватност
Оваа Политика на приватност објаснува како Пивара Скопско А.Д. (во понатамошниот текст: „Компанијата“, „ние“) ги собира, користи, чува и заштитува личните податоци на корисниците на мобилната апликација SKOPSKO (во понатамошниот текст: „Апликацијата“).
Со користење на Апликацијата, потврдувате дека сте запознаени со оваа Политика.
1. Кои податоци ги собираме
1.1 Лични податоци
- Име и презиме
- Email адреса
- Телефонски број
- Адреса за достава на награда
1.2 Податоци за уредот
- Модел на уред
- Оперативен систем
- Верзија на апликацијата
- Технички лог податоци
1.3 Фотографии
Профилна слика / аватар (доколку корисникот прикачи)
1.4 Податоци за активност во апликацијата
- Скенирани или внесени кодови
- Освоени поени
- Учество во наградни игри и програми
- Историја на активности
1.5 Push notification токени
Уникатни push токени генерирани од Google Firebase, Apple или Expo за испраќање нотификации.
2. Зошто ги собираме податоците
Податоците се обработуваат за следните цели:
- За функционирање на loyalty програмата и другите активности во Апликацијата
- За пресметка и евиденција на поени
- За испраќање push нотификации (доколку корисникот дозволи)
- За анализа и подобрување на функционалноста и корисничкото искуство
- За спречување злоупотреби и обезбедување сигурност
- За исполнување законски обврски
3. Како ги чуваме и заштитуваме податоците
Ние применуваме соодветни технички и организациски мерки за заштита на податоците.
3.1 Безбедност при пренос
Сите податоци се пренесуваат преку енкриптирана HTTPS/TLS конекција.
3.2 Безбедност при складирање
- Податоците се складираат на безбедни сервери со ограничен пристап.
- Пристап имаат само овластени лица.
3.3 Период на чување
Податоците се чуваат:
- Додека корисникот има активна сметка
- До повлекување на согласност (каде што е применливо)
- Согласно законските рокови
4. Права на корисникот
Секој корисник има право на:
- Право на пристап до своите лични податоци
- Право на исправка на неточни податоци
- Право на бришење на сметката и сите лични податоци (преку апликацијата или преку веб-страницата за бришење на профил)
- Право на повлекување на согласноста во секое време
- Право на ограничување на обработката
- Право на приговор
Барањата може да се достават на: [email protected]
5. Споделување со трети страни
5.1 Технолошки партнери
Податоците може да се споделуваат со доверливи технолошки партнери исклучиво за потребите на функционирање на Апликацијата:
- Google (Firebase) – автентикација, аналитика и push нотификации
- Apple – автентикација (Sign in with Apple)
- Expo – сервис за push нотификации
Овие компании обработуваат податоци согласно сопствените политики за приватност и важечките прописи.
5.2 Соработници ангажирани за спроведување на програми
Личните податоци може да бидат споделени со соработници и обработувачи на податоци ангажирани од страна на Организаторот за спроведување и администрирање на програмите, наградните игри и другите активности достапни во Апликацијата, во согласност со закон.
Целта на користење и евентуален трансфер на податоци е исклучиво да помогне во спроведувањето и администрирањето на учеството во програмата или наградната игра, како и за исполнување на законски обврски, вклучително и пресметка и исплата на даночни обврски.
Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за следните цели:
- идентификација на добитникот;
- проверка на правото за учество во програмата или наградната игра;
- испорака или реализација на наградата;
- исполнување на законски обврски поврзани со наградата.
Со сите надворешни соработници се склучуваат соодветни договори за обработка на лични податоци со кои се гарантира доверливост и безбедност на податоците.
6. Колачиња и tracking технологии
Апликацијата не користи класични веб-колачиња, но користи технологии како:
- Firebase Analytics
- Push notification SDK
- Технички логови
Овие технологии служат за анализа, безбедност и подобрување на услугата.
7. Малолетни лица
Апликацијата е наменета за лица постари од 18 години.
8. Измени на Политиката
Го задржуваме правото да ја ажурираме оваа Политика на приватност. Секоја измена ќе биде објавена на оваа страница.
9. Контакт
Тел: 0800-1-9999
Е-пошта: [email protected]
Адреса: ул.808 12 Скопје
Работно време: 08.00 – 18.00
За прашања поврзани со приватност: